Поранешниот тренер на Рафаел Надал и негов чичко, Тони, се надева дека неговиот внук ќе игра тенис до 2026 година.

Неодамна Тони изјави дека, според него, Рафа веројатно ќе игра уште во наредните 2-3 години, пред официјално да стави крај на кариерата, велејќи дека тој е „не е тенисер, туку повреден играч кој игра тенис“. Сепак, сега е пооптимист, без оглед на повредите што го придружуваат неговиот внук за време на неговата кариера.

– Среќен сум и горд сум од она што Рафаел го постигна во тенисот. Се надевам дека тој ќе игра уште шест, седум години за да го гледам и на телевизија, изјави неговиот чичко пред „АТП Тенис Радио“.

Рафаел Надал брка рекордна 12-та титула на турнирот на земја во Барселона, кој се одржува во моментов, продолжувајќи со подготовките за претстојниот Ролан Гарос.

Триесет и две годишниот Шпанец е во битка со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ за тоа кој ќе заврши со најмногу Гренд слем титули. Во моментов, Федерер води со 20, Надал има 17, а Ѓоковиќ е со 15. Но имајќи го предвид претстојниот 38-ми роденден на Швајцарецот, е малку веројатно тој да не биде достигнат на врвот, земајќи ја предвид доминацијата на земја во текот на годините на Надал, кој има 11 титули во Ролан Гарос.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 18:34