Вчера стана јасно дека во 2020 година Лондон за последен пат ќе биде домаќин на финалниот АТП турнир, кои во следниве 5 години ќе се игра во Торино.

Сепак, англискиот главен град веројатно нема да остане без голем турнир во затворен простор, бидејќи „О2 Арена“ во февруари 2021 година може да го организира турнирот „Лејвер куп“, инспириран од Роџер Федерер.

Можноста беше откриена од менаџерот на Федерер, Тони Годсик, кој раководи со менаџерската агенција на двајцата зад организацијата на дуелот „Европа против Светот“.

– Имаме контакти со неколку големи европски градови кои се заинтересирани за органзиација од 2021 година. Со преселбата на АТП финалето во Торино, сигурно ќе го разгледаме Лондон меѓу европските дестинации кога ќе започне процесот на селекција, изјави Годсик.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2019 16:42