Драма, трагикомедија и комедија, семеен, детски и документарен филм, серија кратки филмови, како и предавања и работилници со студентите по филмска уметност, ќе понуди 14. Фестивал на Новиот германски филм.
Фестивалот почнува на 2 мај со комедијата „100 работи” во „Милениум“, а проекциите потоа, од 3 до 6 мај, породолжуваат во кино „Фросина“.
„Жешко столче”, „Надвор од системот”, „Во време кога светлината згаснува”, „Исход на вистината”, „Стикс”, „Среќата е за слабаци”, „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета”, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка” и „Помош ги смалив родителите”, се дел од филмовите што ќе бидат прикажани.
Фестивалот ќе патува и во кино салите на Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.
-Филмовите се грижливо избрани со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив се навистина ексклузивни со постигнат огромен успех на филмските фестивали. Еден од филмовите беше и во конкуренција за наградата „Златна мечка” на престижното Берлинале, велат организаторите.
Со поддршка на Германската амбасада, директорот на Берлинскиот фестивал за кратки филмови „Интерфилм“, Хајнц Херманс и филмската монтажерка од Берлин, Алета вон Фитингхоф ќе се сретнат со сите заинтересирани филмски работници во земјата. Тие ќе ги одржат и работилниците со студентите по филмска уметност. На отворањето на фестивалот, ќе се претстават на публиката, а обраќање ќе има и амбасадорот на CР Германија, Томас Герберих.
-Фестивалот редовно селектира филмови кои отвораат општествени размислувања и теми, не́ ангажира, а со тоа почнува и да нè менува, нагласуваат организаторите.