Отворена шахта предизвика несреќа на првата тренинг-сесија во Баку пред трката во Азербејџан за Големата награда во Формула 1.

На пистата помеѓу третиот и четвртиот завој на пистата на улиците на главниот град на Азербејџан, Џорџ Расел имаше несреќа, минајќи преку малку отворена шахта на патеката.

Тренингот беше веднаш прекинат за да се испита целата 6 километарска траса.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 04:03