11-кратниот шампион, Рафаел Надал (Шпанија) се пласираше во полуфиналето на турнирот на земја во шпанскиот град Барселона со награден фонд од 2.61 милиони евра. Лидерот во шемата го победи Јан-Ленард Штруф (Германија) со 7:5, 7:5 за 1 час и 43 минути игра.

Во полуфиналето, кое на програмта е денес, Рафа ќе игра со Доминик Тим.

Двократниот шампион и број 4 во шемата Кеј Нишикори (Јапонија), исто така стигна до полуфиналето. Нишикори го победи претставникот на домаќините Роберто Карбаљес Баена со 6:4, 7:5 за речиси 2 часа игра.

Во полуфиналето, Нишикори ќе игра против рускиот тенисер Данил Медведев.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 12:19