На нов инцидент беа сведоци фановите на автомобилските трки на патеката во Баку. Двајца Маршали за влакно се спасија од сериозни повреди за време на квалификациите за трката од Формула 2, која се одржува пред трката за ГН на Азербејџан во Формула 1.

Пилотот Шон Гелаел беше дисквалификуван од квалификациите, откако удри двајца Маршали со својот болид.

Болидот на Гелаел загуби моќност и тоа предизвика црвено знаме, а двајца Маршали помагаа да се турне возилото во безбедна зона, а во овој момент пилотот го рестартираше моторот и прегази двајца Маршали.

За среќа, барем според првичните податоци, двајцата се разминале со сериозни повреди.

Гелаел не учествуваше во остатокот од сесијата, а неговите акции станаа предмет на истрага. Тој сепак доби дозвола да стартува денес.

Потсетуваме дека вчера отворена шахта ја прекина првата слободна тренинг сесија пред ГН на Азербејџан во Формула 1, а потоа кран удри рекламно пано над пистата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 13:41