Афиримација на современите форми на изразување и креирање уметност, видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3Д мапинг, мастер класови кои ќе третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз, е целта на првиот фестивалот на дигитални уметности N-H//LON (Енхалон).
Фестивалот ќе се одржи на 14 и 15 јуни, а сите домашни артисти кои работат видео арт, аудио-визуелни инсталации, кратки експериментални филмови и видео перформанси можат да се пријават најдоцна до 5 мај годинава. Заинтересираните може да пратат кратка биографија и опис на enhalonfestival@gmail.com со назнака: Конкурс за видео арт програма.
Како хедлајнер на музичката програма најавен е берлинскиот ди-џеј и продуцент Ancient Methods – пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Тој е еден од ретките продуценти во светот, кој со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, до класична, медитативна и психоделична музика.