Пилот на Формула 1 тимот Мерцедес, Луис Хамилтон, по квалификациите за Големата награда на Азербејџан рече дека на утрешната главна трка ќе му треба многу напори за да успее да го помине клупскиот колега Валтери Ботс.

Хамилтон избори втор најдобар резултат и ќе биде веднаш до Ботас во првиот стартен ред.

– Валтери направи исклучителна работа. Немаме новости за болидот. Возачите на Ферари и Макс Верстапен беа многу брзи во текот на викендот. Затоа, првиот ред во такви околности е одличен резултат за нашиот тим. Благодарение на таквите почетни позиции ќе имаме добри шанси во трката. Валтери е секогаш брз во Баку, па морам да работам напорно, изјави Хамилтон.

Главната трка од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Азербејџан ќе се вози утре со почеток во 14:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2019 11:04