Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри покажа нервоза по ремито 1:1 против Интер во Милано во дербито на Италија од 34-тото коло на Серија „А“.

Педесет и едно годишниот стратег се изнервира на коментар на експерт и поранешен фудбалер на „нероазурите“ дека тактиката на италијанските тренери не дава резултати во евротурнирите.

– Изгубивме од Ајакс не поради тактиката, туку поради нивните контранапади. Противникот одигра извонреден натпревар. Истото се случи и против Интер. Кога имаш толку непрецизни додавања, се поставуваш себе си под ризик. Во Италија сите станаа експерти за фудбал и тоа е проблем. Сега замолкнете, а јас ќе зборувам, бидејќи вие ништо не разбирате. Седите на масата, читате книги, но немате поим од спортот во пракса. Не вие, туку јас освоив шест титули во Италија, изјави луто Алегри и си замина од пресот по дуелот против Интер.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2019 12:20