Фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц го повреди скочниот зглоб настапувајќи на натпревар за германската репрезентација.

Дваесет и едногодишниот играч се повреди на натпреварот од Лигата на нации против Холандија (1:0) одигран во понеделникот.

Според прес-службата на тимот од Леверкузен, времето на враќање на играчот на тренинзите не е дефинирано.

Сезонава Вирц одигра шест натпревари во Бундеслигата и постигна четири гола и една асистенција.

Тој исто така постигна два гола на два натпревара во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2024 04:15