Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не го криеше огромното разочарување по поразот од Рајо Ваљекано со 0:1 како гостин.

Французинот веќе нема трпение сезоната да заврши, бидејќи според него, со натпревари како овој, Реал го руши својот имиџ.

– Вечерва не направивме ништо од првата до последната минута. Едноставно не игравме фудбал. Бесен сум бидејќи така го уништуваме имиџот и репутација. Јас носам одговорност за тоа, не се виновни само играчите. Секогаш сум ги бранел, но во овој случај тоа е невозможно. Не треба да играме така, едноставно е нереално да го покажуваме такво ниво. Имавме тешка сезона, остануваат уште три натпревари. Немам трпение да завршат веќе, прокоментира Зидан по синоќешниот пораз.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2019 12:46