Белгискиот репрезентативец Торган Азар потврди дека е блиску до трансфер во Борусија Дортмунд.
– Веќе имам договор со Дортмунд. Зборувавме и се разбравме за моите лични услови. Сега двата клуба треба да се разберат. За тоа е потребно време, но сепак се водат преговори, призна офанзивниот халф на Борусија Менхенгладбах во интервју за „VTM Nieuws“.
Дваесет и шест годишниот брат на Еден Азар е проценет на околу 40 милиони евра. Од Борусија сепак се надеваат дека ќе го договорат за пониска сума, бидејќи наскоро тој влегува во последните 12 месеци од договорот со Гладбах.