Фанот на Рен, кој вчера беше удрен од ѕвездата на ПСЖ, Нејмар планира да поднесе жалба до полицијата, пренесува „Радио Монте Карло“. Инцидентот се случи додека Бразилецот се качуваше по скалите на трибините, по крајот на синоќешното финале во Купот на Франција, кое ПСЖ го загуби по пенали.

Еден од навивачите во близина на скалите одлучи да ги снима ѕвездите на Пари Сен Жермен, но тоа не му се допадна на Нејмар. Напаѓачот го турна телефонот на поддржувачот, следеше размена на неколку зборови, пред Бразилецот да го удри навивачот во брадата.

Според француските медиуми, овој обожавател, по име Едвард, има 28 години и работи како таксист. Тој, сепак, ги навредувал играчите кои минувале покрај него – на Џанлуиџи Буфон му рекол „валкан идиот“, на Леивин Курзава – „Не ми ја допирај раката“, Марко Вера – „расист“, а на Нејмар му рекол „Оди научи да играш фудбал“. Тогаш Бразилецот го нападнал.

Верзијата на Едвард сепак е друга: „Не сум го навредувал Нејмар, туку само му реков дека беа многу слаби … Кога пак Верати и Буфон се приближија, им викнав: „Многу сте лоши, напред Рен!“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2019 16:53