Во унгарската престолнината Будимпешта изминатите седум дена се одржа светското првенство во пинг понг во поединечна конкуренција.

На Мундијалот учествуваше и македонската репрезентација претставена од: Кристијан Станојковски и Петар Костовски во машка конкуренција, и Ива Димитриевска и Ана Стојановска во женска конкуренција. Нивниот настап беше симболичен без некој значаен резултатски успех.

Сепак, на светското првенство македонската федерација на дипломатски план забележа успех. На 23 април на годишното собрание на Медитеранската пинг понг унија, нашата држава и асоцијација едногласно е примена како полноправна членка на ова унија. Со тоа се отвора можност македонските репрезентации секоја година да учествуваат на силни шампионати со квалитетни репрезентации од калибарот на Италија, Шпанија, Франција, Грција, Турција,…, соопштија од федерацијата. Очекувано, во Будимпешта доминираа кинеските пингпонгари.

Следното светско првенство во поединечна конкуренција ќе се одржи во 2021 година во Хјустон, САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2019 17:04