Австрискиот тенисер Доминик Тим го освои трофејот на турнирот во Барселона по победата над Русинот Данил Медведев попладнево во финалето со 2-0.

Во меч кој траеше еден час и 14 минути, Тим го доби првиот сет со 6:4, вториот со 6:0.

За него ова беше 13. АТП-торфеј.

Турнирот во каталонската престолнина се играше за награден фонд од 2,6 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2019 17:24