Пилотот на Рено, Даниел Рикиардо ќе загуби три места на стартот на трката за Големата награда на Шпанија во Барселона.

Австралискиот возач е казнет поради инцидентот со ривалот од Торо Росо, Даниел Квајт на денешната трка за Големата награда на Азербејџан.

Двајцата пилоти на крајот испаднаа од трката.

Инцидентот во Баку се случи во 33. круг. Рикиардо забави пред кривината, не можеше да ја задржи линијата на движење, а потоа се удри во Квајт обидувајќи се да се врати на патеката. Тој изјави дека не го видел Русинот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2019 17:26