Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари зборуваше отворено за нејаснотиите околу иднината на белгиската ѕвезда Еден Азар во клубот.
Италијанецот призна дека Азар ќе замине во текот на летото, најверојатно да биде дел од Реал Мадрид.
Според различни публикации, „кралскиот“ клуб е подготвен да го привлече белгискиот репрезентативец за 120 милиони евра.
– Јас сум бил секогаш многу задоволен од Азар. Тој игра многу силно и се бори во секој натпревар. Сум кажал друг пат – ќе ја почитувам неговата одлука за иднината, рече Сари по нерешениот резултат 1:1 против Манчестер Јунајтед во дербито на 36. круг во Премиер Лигата.
Со ремито, Челзи се рангира на четвртото место со 68 поени, а во следниот круг се среќава со Ватфорд на 5-ти мај.