Казна од 5 натпревари може да добие ѕвездата на ПСЖ, Нејмар по инцидентот позавршувањето на финалето на францускиот куп со Рен. Еден обожавател на противничкиот тим го снимаше Бразилецот со неговиот телефон, по што дојде до размена на зборови и удар од страна на офанзивниот фудбалер во брадата на фанот.

Случајот се испитува, а извештајот на главниот судија и делегатот ќе бидат одлучувачки. Има и олеснителни околности, како верзијата дека фанот го навредувал фудбалерот, но фактите ќе се разјаснат подоцна.

Потсетуваме дека Нејмар доби три натпревари казна од УЕФА поради навреди кон судијата Дамир Скомина и неговите колеги во реваншот против Манчестер Јунајтед (1:3) во осминафиналето на Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2019 19:03