Арсен Венгер го пофали Мараело Биелса за неговата одлука да дозволи на Астон Вила да постигне гол против неговиот Лидс, на средба од претпоследниот круг на Чемпионшип дивизијата на Англија.
Откако тимот на Аргентинецот го искористи стопирањето на играта од страна на некои од противничките натпреварувачи и реализира за 1:0, домаќините им дозволија на играчите на Бирмингем да изедначат за конечни 1:1.
– Би сакал да кажам „Благодарам“ на менаџерот Марсело Биелса. Ексклузивен гест од негова страна. Тоа беше битка за промоција во Премиер лигата. Целиот свет мора да го види ова. Но, овој случај, исто така, треба да ги потсети играчите кои се правилата. Имено, ако нема повреда на главата, тие не можат да ја запрат играта. Таквата одлука може да ја донесе само судијата. Фудбалерите на Астон Вила не требаше да престанат да играат, изјави Венгер во студиото „Беин Спортс“