Халфот на Јувентус, Миралем Пјаниќ го заштити тимот од критиките кои дојдоа по елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на Шампионите од Ајакс.

– Тимот треба да доминира во натпреварите уште повеќе, особено во Европа. Во Италија се игра поинаку. Во Европа, од друга страна, тимовите практикуваат понапаѓачки фудбал. Притисоците така и не престануваат. Лигата на Шампионите е различно натпреварување. Да кажеш нешто против овој Јувентус е недостаток на почит. Има многу луѓе кои зборуваат малку повеќе, а не разбираат многу. Се може да се случи во фудбалот. За жал, го напуштивме турнирот. Ако бевме со помалку отсутни и повредени, работите ќе беа подобри

Тој даде поддршка и за тренерот Масимилијано Алегри, кој, исто така, влезе во конфликт со новинарите во однос на елиминацијата од ЛШ. Тој им порача дека многу луѓе во Италија станале експерти за фудбал, и тоа е голем проблем.

– Мислам дека ние сме предводени од многу обучени луѓе, а менторот е еден од нив. Тој знае што да прави. Има многу добри и силни играчи во Јувентус, изјави Пјаниќ за „Тутоспорт“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2019 19:08