Дефанзивецот на Интер, Андреа Ранокија, го продолжи договорот со клубот, објавено е на официјалниот сајт на „неро-азурите“.
Новиот договор на 31-годишниот фудбалер е со важност до 30 јуни 2021 година.
Ранокија игра за Интер од 2011 година (со прекини).
Вкупно има 195 натпревари и постигнато 12 гола за тимот од „Џузепе Меаца“.