Шпанската фудбалска федерација го одобри новиот формат за Суперкупот, објави официјалниот сајт на организацијата. Во 2020 година, турнирот ќе се одржи во зима во формат „фајнал фор“. Во него ќе го игра шампионот на Шпанија, вице-шампион, победникот и финалистот на националниот Куп.

Во првото полуфинале ќе игра шампионот на Шпанија и финалистот на Купот, а во второто, победникот на Купот и вице-шампионот.

Во случај на совпаѓање на еден или повеќе тимови, местото ќе биде пополнето со клубовите кои се со најдобра пласман на табелата во Примера.

Првиот „Суперкуп“ со четири екипи ќе се одржи од 1 до 12 јануари 2020 најверојатно во Саудиска Арабија.

Во моментов, листата на учесници на турнирот е веќе позната: Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Валенсија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2019 12:15