На Балканското првенство за сениори, што се одржа минатиот викенд во Чачак, нашите каратисти освоија три бронзени медали, сите во борби.

Бронзени медали освоија Давид Петков во категорија – 67 килограми, Драгана Манговска во – 50 и Ангела Мојсовска во – 68 килограми.

-За разлика од претходните неколку години, ова натпреварување не беше критериумско и се одржа во период на празникот Велигден, па најголем дел од нашите најдобри каратисти во борби и во кати овојпат не настапија на Балканското првенство, соопштуваат од Карате Федерацијата на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2019 13:10