Маурисио Почетино призна дека ја згрешил тактиката при поразот на Тотенхем од Ајакс со 0:1 синоќа во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Холанѓаните доминираа во првиот половина час на дуелот, кога го забележаа и својот гол, а домаќините дефинитивно не беа на ниво во својата формација 5-3-2.

– Секако, гледајќи го она што се случи по натпреварот, морам да признаам дека беше погрешна нашата формација во почетокот. Но, навистина немавме многу опции. Секако дека не сум среќен, но ни недостигаше енергија и не бевме на ниво, забележа Почетино.

Според него, причината за голот била во нивниот севкупен пристап кон натпреварот.

– Јас сум менаџерот, па моја е одговорноста, додаде тренерот.

Тој по повредата на Јан Вертонген и неговото излегување, ја промени формацијата во 4-4-2 откако го пушти во игра Муса Сисоко и Тотенхем заигра подобро.

– По првите 30 минути се подобривме. Сиско донесе добра енергија и игравме подобро. Во текот на втората половина, ги притиснавме како што сакавме, што ни дава надеж за реваншот. Всушност, ние не создадовме многу ситуации кои треба да се променат. Вториот натпревар останува отворен и мораме да победиме за да се пласираме во финалето, рече Почетино.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 18:35