Кога Реал Мадрид бара играч, тоа веднаш значи „пумпање“ на неговата цена. Истото важи и за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, кон кого „белите“ покажуваат огромен интерес.

Пред да се разбере дека го сакаат во своите редови, Германците беа подготвени да се разделат со 21-годишниот Србин за 50 милиони евра. Но, веднаш штом шпанскиот колос беше вклучен во понудата, неговата цена порасна на 70 милиони евра, објави „Билд“.

Тимот до Мадрид не сака да понуди повеќе од првичната цена на играчот, така што на повидок се долги и сложени преговори меѓу двата клуба. Сепак, се очекува да се сретнат некаде во средината помеѓу овие две суми.

Јовиќ има одлична сезона и во голема мера е заслужен за добриот настап на Ајнтрахт. Тимот може да заврши во првите 4 на Бундеслигата и да стигне до финалето на Лигата на Европа. И двете задачи се многу тешки, но клубот е оптимист во врска со одличната форма на стрелецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 19:42