Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини го откажа својот настап на турнирот во Есторил, Португалија. Тој требаше да игра против Уругваецот Пабло Куевас во меч од второто коло.

Оваа одлука тенисерот ја донесе поради повреда на левото колено. Неговото место на турнирот ќе го заземе Филипо Балди, исто така од Италија.

За потсетување Фоњини минатата недела се повлече од турнирот во Барселона, Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 19:51