Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди е оптимист околу исходот на натпреварот од 37. коло од првенството на Англија против Манчестер сити, објави прес-службата на „лисиците“.

Натпреварот ќе се одигра на 6 мај.

- Со нетрпение очекуваме да играме со Манчестер сити следната недела. Ќе се обидеме да постигнеме што е можно повеќе голови и да останеме непоразени, изјави Варди.

Манчестер сити, со 92 бода е лидер во Премиер лигата по 36 кола, пред Ливерпул со 91.

Лестер има 51 бод и се наоѓа на осмото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 19:53