Шведска ќе поднесе кандидатура за организација на Светското првенство во хокеј во 2025 година. Во случај да го добијат Мундијалот, градови домаќини би биле Стокхолм, Гетеборг и Малме.

Во 2013 година, Шведска заеднички со Финска беа домаќини на СП. Тогаш натпреварите се играа во Стокхолм и во Хелсинки.

На следниот конгрес на Светската хокеарска федерација во Братислва ќе го презентираме нашиот план за организација на шампионатот во 2025 година. По конгресот во Братислава, ќе го започнеме процесот на аплицирање и ќе го претставиме целосно проектот, во кој ќе учествуваат Стокхолм, Гетеборг и Малме. Ова се три силни кандидати за градови-домаќини. претседателот на Шведскиот хокеарски сојуз Андерс Ларсон. Следниот планетарен собир на најдобрите хокеари почнува за осум дена во словачките градови Братислава и Кошице. Мундијалот ќе се игра од 10 до 26 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2019 14:42