Унгарската Амбасада во Скопје во соработка со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, вечер во Уметничката галерија во Тетово, ќе ја отвори изложбата „Будимпештански приказни“.

Изложбата од познатите унгарски фотографи Имре Кински и Ото Кајзер се реализира во рамките на манифестацијата „Унгарски недели во Северна Македонија“

На изложбата ќе се обратат директорот на Уметничката галерија Решат Пајазити, авторот на изложбата Ото Кајзер, амбасадорот на Унгарија во нашата држава, Ласло Дукс и градоначалничката на општина Тетотво, Теута Арифи.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2019 16:19