„Будимпештански приказни“ е насловот на изложбата која вечерва беше отворена во националната установа „Уметничка Галерија“ – Тетово во организација на амбасадата на Унгарија во нашата земја. Изложбата на фотографии на авторите Имре Кински и Ото Кајзер е во рамки на манифестацијата „Недели на унгарската култура во Северна Македонија“.
-Унгарската Влада одлучи да организира повеќе манифестации од културата со оглед дека во 2019 година одбележуваме повеќе значајни годишнини. Веќе 25 години имаме официјални дипломатски односи со Северна Македонија. Исто така бележиме 20 години членство во НАТО и членство во Европската унија –изјави Ласло Дукс, амбасадор на Унгарија во Северна Македонија.
На свеченоста присуствуваше и еден од авторите Ото Кајзер, роден 1953 година кој има над 40 фотографски албуми и одржани изложби во над 50 земји низ светот.
-Поради две причини ми е важна оваа изложба. Верува во културна дипломатија бидејќи секој облик на културно дружење придонесува за доближување на народите. Втората причина е колекацијата со посебна порака. Со авторот Имре Кински имаме растојание на фотографиите од 80 години и ни се чини како ништо да не се сменило во Будимпешта. Но сепак се смениле многу работи, настаните не се гледаат но животот има потреба од континуитет, рече авторот Ото Кајзер.
Изложбата со фотографии ќе биде отворена до наредната недела, а ќе биде претставена и во Кавадарци и во Битола.