Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе биде промовирана книгата „Прирачник за биоетиката и холокаустот“, од авторите Теса Челуш и Џефри Брамер.
По промоцијата ќе се одржи и трибина „Биоетиката и холокаустот“.
На настанот ќе се обратат директорот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикаријо, деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ Ратко Дуев, како и промоторите на книгата Дејан Донев и Ана Фрицханд.