Суданскиот државен обвинител нареди распит на соборениот претседател Омар ал Башир поради сомневања за финансирање тероризам и перење пари, јавија светските агенции повикувајќи се на неименувани судски извори во Судан.

Државниот обвинител во април покрена истрага против Башир поради обвиненија за перење пари и поседување големи суми странски валути без докази за нивното потекло.

Во куфери во куќата на Башир беа пронајдени големи количини пари.

Безбедносните служби пронајдоа евра, долари и судански фунти во вкупен износ од преку 130 милиони американски долари.

Суданската армија со собори Башир од власт на 11 април, после четири месеци улични демонстрации против неговото 30-годишно владеење. јт/

2019-05-03 09:22:20, од Јасмина Тасевска



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2019 14:23