Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се соочува со проблеми околу составот поради повредени играчи.
Фудбалерот од среднито ред Наби Кеита, кој се повреди на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со Барселона (0:3) го чека подолга пауза.
– Лоши вести. Кеита има повреда на препоната. Ќе му биде потребно најмалку 2 месеци за да се опорави. Лошата вест е за нас и за националниот тим на Гвинеја, кој ќе учествува на Африканскиот куп на нации, соопшти Клоп на прес-конференција пред натпреварот со Њукасл.
Неизвесно е дали Роберто Фирмино ќе може да игра утре, додека Алекс Окслејд-Чемберлен ќе биде во составот на „црвените“.