„Бел заб, здрав заб“, во изведба на учесници на драмската секција, која работи во состав на домот на културата „Драги Тозија“ е новата театарска претстава за деца што синоќа премиерно беше избедена во Ресенската кино сала.

Режијата и адаптацијата на текстот ги направија Сотир Чаушевски и Даринка Веслиевска.

Директорот на домот на културата „Драги Тозија“, Васко Василевски, погенцираше дека традицијата со одигрувањето на театарските претстави во Ресен е дамнешна и игра значајна улога во создавањето на култура за театарот кај најмладата публика.

– Возобновената драмска секција при Домот на културата беше потреба за повторно да се активираат новите таленти. Претставата „Бел заб, здрав заб“, е веќе втор производ на возобновената работа на драмската секција, предводена од Даринка Веслиевска и Сотир Чаушевски. Полната сала и големиот интерес на публиката од Преспа, само ја потврдува нашата заложба да вложуваме во аматерскиот театар и да ја поттикнуваме љубовта кон оваа уметност кај намладата генерација, рече Василевски.

Театарската претстава „Бел заб, здрав заб“ за учениците дополнителни ќе биде одиграна в понеделник во 11 и во 19 часот и во вторник во 11 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2019 14:01