Во Кичево во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ синоќа е отворена изложбата „Близнакот“ на Александра Ацеска, како втор нејзин самостоен проект.
Проектот е инспириран од дваесет и втората изрека во Житието по Тома (Томас или Близнакот).
– Нејзиното поле на интерес и истражување е на границата помеѓу видливото и невидливото, духовното и неговата манифестација во материјата и табуата на новото време (традиција, религија, фамилијарни и интерперсонални односи), а тоа го доловува со експериментирање со природни материјали и несекојдневни техники на творење, рече на отворањето на изложбата Маја Николовска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.
Александра Ацеска е родена во Прилеп.Дипломирала сликарство во класата на проф. м-р Благоја Маневски со модул графички дизајн во класата на проф. м-р Ладислав Цветковски на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ .
Изложбата ќе може да се посети до 17-ти мај секој работен ден.