„Крстна коска“ е новата, петта книга поезија на Наташа Сарџоска која ја објави издавачката куќа „ПНВ Публикации“ и ќе биде достапна на претстојниот Саем на книгата.

Покрај поезија, Сарџоска објавува и раскази, есеи и книжевни преводи од италијански, португалски и француски јазик. Нејзината поетска книга „Кожа“ е објавена и на италијански и на англиски јазик во Италија и САД.

Сарџоска годинава настапи на меѓународни фестивали, меѓу кои во Тел Авив и во Берлин, а нејзини песни беа преведени на шпански, хебрејски, српски и на германски јазик и објавени во литературните ревии „Буенос Аирес поетри“ во Аргентина, „ Екерман“ во Србија и „Сиркуло де поезија“ во Мексико.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 16:03