Без разлика на тоа каде се наоѓаат на табелата, Мекларен се споредуваат со лидерите, а не со тимовите во средината на колоната.

Тоа е она што возачот на тимот, Карлос Сајнц Џуниор вели на прашањето дали е задоволен што оваа година тие изгледаат силни меѓу „останатите“.

– Имаме многу работа, бидејќи ако ги погледнеме и Мерцедес и Ферари, ќе видиме дека треба да го подобриме секој дел од автомобилот. Ако се споредиме со тимовите од средината на колоната, тогаш ни треба само неколку подобрувања, за да бидеме на чело, но не ги споредуваме со нив. Се споредуваме со оној автомобил, што е една секунда побрз, отколку што сме сега, па тоа е нашата цел, изјави синот на легендарниот рели возач.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 18:38