Отпишаните се вратија како херои – Ливерпул ја декласира Барселона за финале во ЛШ Хендикепирани без двајца големи адути црвените од Енфилд приредија уникатен подвиг и со победа од 4:0 против првиот фаворит Барселона се пласираа во финалето во Лигата на шампионите

Ливерпул приреди уникатен подвиг и со блескава победа од 4:0 ја елиминираше Барселона и нејзината позитива од 3:0 од првиот меч и пак ќе игра финале во Лигата на шампионите.

Херои се тајните адути на Јирген Клоп, Дивок Ориги и Џорџо Вијналдум, кои постигнаа по два гола, а Ливерпул го повтори подвигот од Истанбул, кога во финалето против Милан за едно полувреме анулираше минус од 3 гола и ја освои титулата.

Реваншот почна како по ноти за Ливерул, а Ориги, кој играше како замена за повредениот Роберто Фирмињо успеа да даде гол во седмата минута.

Тоа беше и резултат по првиот дел, а потоа следеше фуриозна игра на отпишаните на „Енфилд Роуд“. Џорџо Вијналдум постигна два брзи гола за две минути, се тресеа трибините на легендарниот стадион во Ливерпул, а работата ја доврши Ориги со уште еден погодок во 79. минута.

Барселона е на колена, повторно е елиминирана, откако имаше три гола предност од првиот меч, како и лани против Рома.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2019 02:55