Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по победата над Барселона во финалето од Лигата на шампионите (4:0), призна дека никогаш не видел таков натпревар.
Тој кажа дека пред почетокот на реваншот им рекол на играчите дека постојат шанси и покрај високиот пораз на првиот дуел (0:3).
Целата игра, целиот овој натпревар, тоа беше премногу возбуда. Пред натпреварот, им реков на момците дека тоа ќе биде многу тешко, но дека имаме шанса. Во мојот живот бев сведок на многу натпревари, но не се сеќавам на ваков, изјави Клоп. Ливерпул во финалето ќе игра против подобриот од полуфиналната двојка Ајакс – Тотенхем (1:0 прв натпревар).