Натпреварот за трофејот во фудбалската Лига на шампиони за прв пат по 2013 година ќе помине без во него да учествуваат петкратните освојувачи на „Златната топка“ Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо со својот Јувентус загуби Ајакс во четвртфиналето (1: 1, 1:2), додека Меси со Барселона не успеа да го мине Ливерпул во полуфиналето и покрај победата од 3:0 во првиот натпревар. Синоќа во реваншот Каталонците загубија со 4:0.

Во финалето ќе играат Ливерпул и подобриот од двочемечот Ајакс – Тотенхем.

Роналдо освои четири од последните пет Лига на шампиони. Португалецот триумфираше со Реал Мадрид во 2014, 2016, 2017 и 2018 година.

Меси со Барселона победи во финалето во 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2019 11:46