На официјалниот клупски Твитер, Барселона во текот на првото полувреме од натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите изрази уверување дека англискиот клуб ќе мора да постигне најмалку пет гола за да стигне до финалето.

Во времето на објавување на постот домаќините водеа со 1:0.

– Ќе постигнеме гол, а Ливерпул ќе мора да постигне најмалку пет. Најмалку еден гол постигнуваме … Се согласуваме? – стои во пораката на каталонскиот клуб.

Натпреварот заврши со победа на Ливерпул од 4:0 и елиминација на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2019 11:49