Крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл има желба да го исполни целиот договор со „кралскиот клуб“ и да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до летото 2022-ра година. Ова го откри агентот на фудбалерот, Џонатан Барнет.
Велшкиот репрезентативец не се претставува силно во оваа сезона и го загуби првотимскиот статус, а во последниот натпревар од Ла Лига против Виљареал тренерот на „белите“, Зинедин Зидан дури го остави надвор од групата на тимот. Сепак, Бејл сака да продолжи да се бори за своето место во Реал.
– Тој сака да остане. Не сум сигурен дали г-дин Зидан сака да остане, но Герет го сака тоа. Тој има договор со клубот до 2022 и ќе биде среќен да го исполни. Според мене тој продолжува да биде еден од најдобрите 3-4 играчи во светот. Фудбалот е игра на различни мислења и Зидан не мисли така. Тоа е неговото мислење и тој има право на такво, коментира Барнет.
Сепак, агентот на Бејл не го исклучи враќањето на Бејл во Премиер Лигата.
– Ова дефинитивно е можно, ако некој посегне сериозно во џебот и го плати она што веруваме дека тој го заслужува. А тоа се многу пари, додаде Барнет.