Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Footbsall Hub“.

Германскиот фудбалски стручњак ќе добие петгодишен договор со плата од 8,5 милиони фунти годишно, плус бонуси.

Во моментот, платата на 51-годишниот Клоп е околу седум милиони фунти. Тој е на „Енфилд“ од 2015 година.

Под раководство на Клоп, Ливерпул оваа сезона стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, каде што ќе игра со Тотенхем. Во Премиер лигата, тимот на едно коло до крајот е втор со еден бод заостанување зад лидерот Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2019 14:19