Романската тенисерка Симона Халеп е првата полуфиналистка на ВТА турнирот во шпанската престолнина Мадрид. Третата носителка попладнево ја победи Ешли Барти од Австралија со 2-0.

Меч траеше еден час и 33 минути и беше решен со идентични 7:5 за Романката во двата сета.

Следна ривалка на Халеп ќе и биде подобрата од мечот Наоми Осака – Белинда Бенчиќ.

Наградниот фонд на турнирот во Мадрид изнесува 6,5 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2019 14:59