ЈУ Детски Kултурен Центар „Карпош” со поддршка од Град Скопје е организатор на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло” што од денеска до 12 мај ќе се одржи во Скопје.
-Фестивалот ги обединува љубителите на класичната гитара, студенти, наставници, не само во Скопје и Р.С. Македонија, туку и пошироко. Со текот на годините фестивалот прерасна во престижен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара, а тоа се одразува на прогресивноста на настанот кој секоја година се надминува. Со успешна реализација на Фестивалот “Тремоло” Детскиот Културен Центар “Карпош” дава голем стимул и поддршка за развој и промоција на овој вид на уметност во земјата, се вели во соопштението од Детскиот културен центар.
Оваа година се навршуваат 10 години од постоење на овој престижен фестивал, а од ДКЦ се надеваат дека ќе го достигнеме нивото по примерот на светските фестивали.
Во рамки на фестивалот ќе се одржат три концерти. Покрај концертите ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.
Оваа година членови на жирито и мастер часови ќе одржат прочуените гитаристи :Бојан Ивановски-Србија, Вилијам Џенкс –Америка, Никлас Јохансен – Данска, Бошко Радојковиќ – Србија, Столина Добрева –Бугарија, Дарко Багески – Република Северна Македонија, Ерхан Мујка- Косово, Борче Наумоски – Република Северна Македонија.