Романот „Последните денови на Ханс“ од младиот македонски писател Михајло Свидерски вечер ќе биде промовиран во Менада. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или.
Свидерски е прозаист, поет и преведувач роден во Битола во 1991 година.
Автор е на збирките поезија Низ сонот од магли и дождови (2013), преведена и на бугарски во издание на „Нима“ од Плевен (2013), и Ѕвезди што спијат (2017). За романот Бело и Црвено (2014), во издание на „Темплум“, ја добива наградата НОВИТЕ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Романот Бело и Црвено исто така е објавен на бугарски јазик, во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија во 2016 година.