Спортскиот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге прокоментира за медиумите дека конечната одлука за иднината на полудефанзивецот Хамес Родригез уште не е донесена.

Колумбискиот фудбалер игра на заем во баварскиот колос, но е во сопственост на Реал Мадрид.

– Уште не сме одлучиле, тој побара разговор со мене, но тој не се остварил уште. Во блиска иднина ќе зборуваме, а потоа ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата. Тој ми се допаѓа, секогаш сум го сакал, и така ќе остане во иднина, изјави шефот на Баерн.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2019 18:06