Во Центарот за култура „Ацо Караманов” денеска и утре ќе се одржува Филмскиот феситивал за млади „Џифони патува во Радовиш“.

„Џифони патува” е проект наменет за младите од земјава, кој ги шири идеите на најголемиот фестивал за млади во светот – „Џифони експириенс” од Италија и активно ги вклучува младите вљубеници во филмот и културата.

Во двата дена учениците ќе гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерот Столе Мицов, а ќе има и работилници за развивање на нивната креативност.

Фестивалската програма „Џифони патува“ во Радовиш се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Радовиш и Италијанската амбасада во Скопје.

„Џифони патува” досега се одржа во тринаесет градови во земјава, а до крајот на мај ќе патува и во Ресен и Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 16:08