Дваесет и шесте музеи во земјава во 2018 година имале вкупно 427.493 посетители, соопшти Државниот завод за статистика.

Минатата година тие организирале 117 сопствени изложби, од кои 39 изложби биле организирани од општите музеи и 78 од специјализираните.

– Музеите располагале со 170.440 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 26.615 во музеите во 2018 година. Збирките располагале со 167.827 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 26.282, соопшти денеска ДЗС.

Податоците се добиени од пополнетите прашалници за 2018 година што ги доставиле 26 музеи и од 40 музејски збирки.

Според основачот, 18 музеи се јавни (национални) и осум се јавни (локални), а според предметот на работа 15 се општи и 11 се специјализирани музеи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 16:32