Американски брод навлезе во територијалните води на Венецуела, но по преговорите го смени курсот, соопшти синоќа венецуелската Воена морнарица.

Брод на крајбрежната стража на САД „УСЦГ Џејмс“ забележан е како ја поминува економската зона на Венецуела на 8 мај. Следниот ден бродот го сменил курсот и се приближил до пристаништето Гуаира на оддалеченост од 14 наутички милји.

На американскиот брод тргнал венецуелски воен брод и го наведе да го смени правецот.

– По преговорите преку радио врска бродот го смени курсот и ги напушти нашите води, се наведува во соопштението на Воената морнарица на Венецуела.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2019 12:12